Издадени 1404 потврди на мигранти

Во текот на вчерашниот ден издадeни 1.404 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 27.01.2016 година, издадени се потврди на вкупно 1.404 странски државјани, од кои 568 се од машки пол, 272 се од женски и 563 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата и еден малолетник кој патува без родител на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан–545, Сирија-508 и Ирак-351 .

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 27.01.2016 година, издадени се потврди на вкупно 48.374 странски државјани, од кои 20.126 се од машки пол, 10.409 се од женски и 17.737 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 102 дете кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-24.260, Авганистан-15.131 и Ирак-8.980.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 27.01.2016 година, до Секторот за азил поднесено е едно барање за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на еден малолетник од Сирија.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 27.01.2016 година, до Секторот за азил поднесени се шест барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на шест малолетни лица од кои пет од Авганистан и две од Сирија.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 27.01.2016 година евидентирани се вкупно 21 баратели на азил од кои 18 мажи, една жена и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, пет малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.