По налог на Општина Дебрца, Јавното комунално претпријатие „Дебрца”, деновиве заврши со расчистувањето на патот Белчишта – Ново Село, а при крај е расчистувањето на патот Мешеишта – Волино.
„На овие патни правци се изврши машинско и рачно отстранување на бујната вегетацијата – капини, ниско стеблески и високо стеблести растенија. Бујната вегетација им пречеше на возачите и минувачите и ја намалуваше прегледноста на патиштата. Со чистењето, безбедноста на учесниците во сообраќајот ќе биде на едно повисоко ниво.“- велат од ЈПК „Дебрца“.