Денес истекува рокот за поднесување на Годишни извештаи за персонален данок и на Барања за паушално оданочување на земјоделците.
Од УЈП потсетуваат дека согласно законот, даночните обврзници можат и денес/ 01.02.2016 година да ги поднесуваат Годишните извештаи ПДД-ГИ, ПДД-ГИ/ОЗП, ПДД-ГИ/ОЦО, ПДД/ГИ-ЗП (види http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/546) и Барањата за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност ПДД-ПЗ (види http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/543), бидејќи последниот рок за овие пријави беше вчера-недела/31.01.2016 година – неработен ден.