Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром го запишаа 13-тиот пораз во регионалната АБА лигата. Вечерва на гостувањето во Пионир во Белград кај бранителот на титулата Црвена Звезда нашиот првак е поразен со 92:79 (29:18; 19:22; 30:13; 14:26). Во текот на целиот натпревар, фаворитот Црвена Звезда ја имаше резултатската иницијатива.
По првите 20 минути црвено белите имаа позитива од 48-40, во третата делница следуваше голем пад во играта на МЗТ Скопје, домаќините го решија прашањето на победникот со одличното издание во третите десет минути кои ги добија со 30-13 (78:53). Во последната четвртина „металците“ успеаја да го ублажат поразот.
Маик Цирбес од Црвена Звезда со 28 поени и 11 скокови беше најдобар на теренот, додека Урош Луковиќ со 20 поени беше најефикасен кај МЗТ Скопје.
Табела: Будуќност 20-2 (победи-порази), Цедевита 16-6, Црвена Звезда 16-6, Мега 15-7, Цибона 10-12, Задар 10-12, МЗТ Скопје Аеродром 9-13, Олимпија 9-13, Игокеа 9-13, Партизан 9-13, Крка 9-13, Металац 8-14, Сутјеска 7-15, Тајфун 7-15.