СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.У. (29) од Република Србија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотична дрога“.
На 31.12.2015 година пријавениот бил сместен во вила во Охрид, заедно со М.П. и Ѓ.П., двајцата од Република Србија, и на истите им овозможил уживање на амфетамин.