Вчера издадeни 908 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 01.02.2016 година, издадени се потврди на вкупно 908 странски државјани, од кои 333 од машки и 201 од женски пол, како и на 374 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството, најмногу се издадени потврди на државјаните на Сирија-532, потоа 214 на државјаните на Ирак и на 162 државјани на Авганистан.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 01.02.2016 година, издадени се потврди на вкупно 54.344 странски државјани, од кои 22.461 се од машки пол, 11.728 се од женски и 20.053 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 102 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-27.022, Авганистан-17.058 и Ирак-10.261.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 01.02.2016 година, до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 01.02.2016 година, до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле седум лица (пет од Авганистан и две од Сирија) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 01.02.2016 година евидентирани се вкупно 19 баратели на азил од кои 14 мажи, една жена и две деца со придружба на старател и две малолетни лица без придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, пет малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.