По повод денешниот празник посветен на Светиот апостол Тимотеј во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, во сослужение на Митрополитот Струмички Наум, Митрополитот Европски Пимен, Митрополитот Брегалнички Иларион, Митрополитот Тетовско-гостиварски Јосиф и Митрополитот Кумановско-осоговски Јосиф, архимандритот Нектариј, игумените Гаврил и Григориј, протоереите Никола Христоски и Димче Ѓорѓиески, свештеникот Љупчо Бакрачески, протоѓаконите Сашо Ристов и Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески.
По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Кумановско-осоговски Јосиф се обрати пред верниот народ со пригодна беседа.
Митрополитот Тетовско-гостиварски Јосиф ги причести оние кои со страв и побожност пристапија кон светиот Путир, а Митрополитот Тимотеј им подели нафора на верниците.