Црвен крст Охрид објавува уписи на деца за новиот пролетен циклус од едукативната програма Час за приказни на англиски јазик за деца на возраст од 4-7 години.
Волонтерите предавачи – професори по англиски јазик од Црвен крст Охрид во периодот од три месеци од 18 февруари до крај на мај 2016-та година, на забавен и интерактивен начин, преку приказни, песни, уметност и животни вештини и пред се, со користење на англиска литература наменета за деца од англиската библиотека на Црвен крст Охрид, ќe го надградуваат и зајакнуваат знаењетo на англискиот јазик и ќе ја развиваат емоционалната сигурност како и хуманоста и солидарноста кај децата уште од најмала возраст.
Новина во оваа едукативна програма се работилниците за родителите на децата што ја следат програмата, кои ќе имаат можност да дискутираат на најразлични теми поврзани со растот и развојот на своите деца, со стручни лица (педагози, психолози, здравствени, социјални работници..).
Во овој циклус се воведуваат и нови содржини кои посебно се однесуваат на училишните деца од 6 и 7-годишна возраст и вклучуваат креативни и едукативни друштвени игри.
Сите заинтересираните родители можат да добијат повеќе информации во просториите на Црвен крст Охрид, каде ќе пополнат и соодветна апликација, секој работен ден од 8-16 ч.