Привршуваат уписите за есенскиот циклус за „Час за приказни на англиски јазик“

Привршуваат уписите за есенскиот циклус од едукативната програма на Црвен крст Охрид, „Час за приказни на англиски јазик“ за деца на возраст од 4-7 години. Програмата започнува со реализација во четврток (21.09.2017), а новините кои ќе се воведат во овој циклус и ќе бидат наменети за децата, но и за родителите, ќе бидат презентирани на утрешната прес-средба.

повеќе...

На 21ви септември стартува нов циклус „Час за детски приказни на англиски јазик“

Црвен крст Охрид го најавува почетокот на новиот циклус од едукативната програма ЧАС ЗА ДЕТСКИ ПРИКАЗНИ НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК кој ќе стартува на 21.09.2017 година и ќе трае 15 недели. ЧАС ЗА ДЕТСКИ ПРИКАЗНИ НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК е програма која постои повеќе од 8 години во рамките на програмските активности на Црвен крст Охрид и е наменета за деца од 4 до 7 годишна возраст. Оваа интересна програма овозможува поттикнување и развој на креативноста, емоционалната сигурност, хуманоста и солидарноста кај децата уште од најмала возраст. Тимот волонтери кои ја водат…

повеќе...

Прво место за ученичка од ОУ „Григор Прличев“ на Државниот натпревар по македонски јазик

На 22.5.2017 во ОУ „Кочо Рацин “ Прилеп се одржа Државниот натпревар по македонски јазик каде ученичката Искра Атанасова –Митуш од ОУ „Григор Прличев“ го освои првото место, под менторство на наставничката Сузана Маленкова. Благодарение на успехот на ученичката следната 2018 година Државниот натпревар по македонски јазик ќе се одржи во ОУ „Григор Прличев“ Охрид.

повеќе...

Прво и четврто место за основци од „Григор Прличев“ на Државниот натпревар по германски јазик

На Државниот натпревар по германски јазик кој се одржа на 10.03.2017 год. во Гете институтот во Скопје ученичката Сара Ристова од ОУ „Григор Прличев“ го освои првото место со 99 бодови, додека ученикот Валентин Винченџи Маркулевски го освои четвртото место со 94 бодови. За овој успех е заслужна менторката Билјана Атанасовска.

повеќе...

Четврто место за ученичка од ОУ „Живко Чинго“ на Регионалниот натпревар по германски јазик

На 04.03 2017 година, во Основното Училиште „Исмаил Ќемали“ во Гостивар, се одржа Регионален натпревар по германски јазик. На овој натпревар учествуваше и ученичката Стефанија Вељаноска од ОУ „Живко Чинго”од Велгошти. Ученичката Стефанија го освои четвртото место и продолжува на Државниот натпревар, кој ќе се одржи на 10.03.2017 година.

повеќе...

Започнува новиот циклус на кандидати за полагање на TOEFL

Во рамки на своите едукативни програми и позитивните искуства Црвен крст Охрид започнува нов циклус на подготовка на кандидати за полагање на TOEFL (Test of English as a Foreign Language) која во вид на часови ќе започне на 29 септември 2016 г, а ќе ја спроведува тим на професори по англиски јазик, предводен од Александер Џоунс, волонтер на Мировен корпус Македонија кој работи во организацијата на Црвениот крст Охрид. TOEFL (Test of English as a Foreign Language) е најраспространет и светски прифатен тест за проверка на знаењата за англискиот јазик.…

повеќе...

Бесплатни курсеви по англиски и германски јазик во црквата Каменско

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско, во рамките на своите парохиски активности организира бесплатни курсеви по англиски и германски јазик. Предавањата по германски и англиски јазик ќе започнат од септември. Курсевите по германски јазик ќе се одржат на 6ти септември (вторник) во 18 часот, а курсевите по англиски јазик на 8-ми септември (четврток)  во 18 часот. Сите заинтересирани можат да се пријават во просториите на црквата, или на тел.046267832.

повеќе...

Започнуваат уписите за Бреинобреин едукативната програмата

Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-Црвен крст Охрид започнува со уписи на нови деца од 4-14 годишна возраст заинтересирани да ја следат интернационалната Бреинобреин едукативна програма преку која ќе имаат можност да ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми. „Ги покануваме родителите со своите деца, да се уверат во уникатните, проверени и ефикасни техники и вештини имплементирани од високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени според меѓународните…

повеќе...

Ученици од „Јахја Кемал“ дел од Меѓународниот Фестивал на Јазикот и Културата во Германија

Ученици од приватното средно и основно училиште „Јахја Кемал“ од Струга, учествуваа на Меѓународниот Фестивал на Јазикот и Културата во Германија. „Честитки за нашите ученици од фолклорниот тим кои со извонреден перформанс не претставуваа на (IFLC 2016) Меѓународниот Фестивал на Јазикот и Културата, кој се одржа во Германија со голем број учесници од 160 земји.“- велат од колеџот.

повеќе...

Ученичка од „Јахја Кемал“ освои второ место на натпреварот по англиски јазик организиран од ELTAM

Учениците од приватното средно и основно училиште „Јахја Кемал“ од Струга продолжуваат да нижат успеси. Овој пат, ученичката Софија Ставреска-III година, освои второ место на натпреварот по англиски јазик организиран од ELTAM (English Language Teaching Association Macedonia). Натпреварот се одржа во саботата ( 7ми мај) во Скопје. WebOhrid

повеќе...