Министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц, побара заштита на границите со Македонија и со Србија за да се заштити шенген-зоната.
Шефот на австриската дипломатија, пред неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, истакна дека сè додека обезбедувањето на грчко-турската граница не функционира, треба да се соработува со Македонија, Србија и со другите земји за да се обезбеди шенген-просторот.
Курц смета дека се потребни три варијанти на можни соработки, односно најмала би била билатерална, средна е здружување на одредени земји, а најголема е европска соработка.
„Во Шведска и во Словенија постои слично расположение како и во Австрија и интерес за таква соработка“– рече Курц, додавајќи дека запирањето на мигрантите пред границата на Австрија е во интерес на земјата.
Австрискиот прв дипломат рече дека Турција досега не ги исполнила очекувањата во врска со намалување на бројот на бегалци.
„Мораме уште сега да водиме паралелни разговори со Македонија и со Србија“ –нагласи Курц, додавајќи дека ако нема решение на грчко-турската граница мора да се пронајде солуција на друга граница.
Извор: meta.mk