Македонија на рекордно најниско 141 место на ФИФА рејтинг листата

Македонската фудбалска репрезентација забележа нов пад на ФИФА рејтинг листата. По поразите во пријателските натпревари, Македонија падна -3 места и се најде на 141 место – рекордно најниско досега. 

Промени има и на врвот од ФИФА рејтинг листата, каде се искачи Аргентина, Белгија падна на второто место, а на трето место се искачи репрезентацијата на Чиле.

Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Гвинеја-Бисао, со скок од +45 места се најде на 102 место, додека пак најголем пад од -24 места има репрезентацијата на Аруба која се најде на 137 место.

WebOhrid