Денес во просториите на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија се реализира средба помеѓу Министерот за внатрешни работи на Република Македонија Оливер Спасовски и г. Роберт Бершински, Заменик Помошник секретар на Бирото за демократија, човекови права и труд на Стејт Департментот придружуван од Н.Е. Џес Бејли, Амбасадор на САД во Република Македонија.
Министерот Спасовски и високите претставници од Соединетите Американски Држави разговараа за внатрешно политичката состојба и целосната реализација на Договорот од Пржино, како и пробивањето на роковите од Договорот, а дел од средбата беше посветен и на бегалската криза.
Во однос на овие две значајни прашања, соговорниците се согласија за потребата од нивно решавање кое ќе придонесе за просперитет на Република Македонија.