Секторот за внатрешни работи Велес во соработка со надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против Д.С. (1982) од село Бузалково- СО Велес, Ќ.А. (1990) и А.К. (1996) двајцата од Скопје, поради основи на сомнение дека заедно сториле едно кривично дело „разбојништво“, првопријавениот сторил едно кривично дело „помагање во извршување кривично дело“, и второпријавениот е осомничен дека сторил едно кривично дело „недозволено држење оружје и распрскувачки материи“.
Трите пријавени лица утрото на 08.02.2016 година се сретнале во близина на Спомен Костурница во Велес и направиле договор за поделба на улогите при извршување на кривичното дело, за што првопријавениот им давал совети и упатства на останатите две пријавени лица. Околу 12,20час. првопријавениот кој се наоѓал пред Стопанска банка во Велес, телефонски ги известил второ и трето пријавениот дека возилото на агенцијата за обезбедување „Перпетуум Мобиле“со кое се пренесуваат пари од Стопанска банка тргнало од банката. Второ и трето пријавениот кои биле поставени на автобуската постојка на улица „Алексо Демниевски“ наспроти „Пензионерскиот Дом“ во Велес , кога го забележале возилото , застанале пред него на пешачкиот премин , второпријавениот извадил пиштол марка „Валтер“ и го вперил кон совозачот, заканувајќу му се при тоа на возачот да не вози. За тоа време, третопријавениот со ракохватот од пиштол- плашливец го скршил задното ветробранско стакло, земал четири касети со пари, и заедно со второпријавениот трчајќи се упатиле кон нивното возило „рено еспејс“ кое било паркирано во градскиот парк. Го стартувале возилото и се упатиле кон излезот од градкиот парк, но по кратко возилото застанало, и не можејќи повторно да го стартуваат го напуштиле и избегале кон напуштена куќа лоцирана во градскиот парк, каде се сокриле.
Веднаш по примената пријава, полициски службеници излегоа на лице место, за кратко време обезбедено е возилото во кое се пронајдени четири метални касети во кои според пријавата на оштетените имало 4 000 000 денари, и по превземени оперативно-тактички мерки во куќа пронајдени се и лишени од слобода двајцата сторители.
Со наведеното, пријавените и нанеле на Стопанска банка АД-Скопје материјлна штета од 4 000 000 денари.
Сите три пријавени лица и претходно се пријавувани за кривични дела против имотот, за што на прво и второпријавениот им се изрекувани и затворски казни, додека на третопријавениот изрекувани му се воспитни мерки.
Второ и третопријавениот со кривична пријава, ќе бидат изведени пред надлежен јавен обвинител.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на првопријавеното лице.