На иницијатива на Собраниската Комисија за надзор над работата на УБК и АР денеска на 09.02.2016 година , во просториите на УБК се одржа работна средба на која од страна на Управата беше презентирана :
– актуелната безбедностна состојба во Македонија од аспект на екстремизам ,тероризам,илегална миграција и бегалската криза.
– активностите кои Управата согласно законските надлежности ги презима на планот за спречување и детектирање на заканите и ризиците од загрозување на Уставното уредување на Македонија , вклучително и тероризмот.
Посебен акцент беше ставен на мигрантската криза како актуелен безбедносен проблем особено од аспект на можно инфилтрирање на странски терористички борци меѓу мигрантите.Во таа насока беше потенцирана потребата од зголемување на мерките и активностите во правец на идентификување , превенција и пресекување на протокот на борци кои доаѓаат од кризните жаришта.
Директорот на Управата изрази благодарност за подршката и интезивираната соработка меѓу Комисијата и УБК со што се создаваат реални предуслови за поефикасно остварување на контролата и надзорот на УБК.