Јавните телефонски говорници одамна заборавени

Јавните телефонски говорници одамна се заборавени. Ги има, постојат, ама како да не постојат. Тука се во централното градско подрачје: по „Партизански одреди“, „Димитар Влахов“, „Јане Сандански“… Ги има, а во нив најмногу што има е прашина напластена со години, од времето на првите мобилни во Македонија, а можеби и од порано, зашто голем дел од овие говорници и во времето кога беа во мода долго време не беа функционални, „благодарение“ на вандалите.

Граѓаните реагираа на ваквата состојба и бараа од надлежните да ги отстранат овие некогаш модерни и убави, а денес нефункционални.

Како што изјавија надлежните, оваа состојба ќе се реши до Нова година, односно изминатите месеци се преземаа и ќе се преземат активности за отстранување на голем дел од говорниците кои не се во функција, со што ќе се разубават празните простори и нема да има причина за грижа на граѓаните.

WebOhrid