Средба Спасовски- Ван Калстер

Денеска во 15:00 часот во кабинетот на министерот за внатрешни работи на Република Македонија  Оливер Спасовски беше реализирана средба со амбасадорката на Кралството Белгија за Република Македонија – Н.Е. Аник Ван Калстер .

На средбата министерот Спасовски ги презентираше најновите информации за состојбата со мигрантската криза, ја истакна потребата од меѓународна помош за Република Македонија во испраќање странски полициски службеници и опрема и даде осврт на политичката состојба во земјава и важноста од спроведувањето на договорените одредби од Договорот од Пржино.