Во декември издадени 336 одобренија за градење

Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2015 година се издадени 336 одобренија за градење, што е за 10.2% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 860 616 илјади денари, што е за 40.0% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 216 (64.3%) се наменети за објекти од високоградба, 49 (14.6%) за објекти од нискоградба и 71 (21.1%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 336 објекти, кај 216 (64.3%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а кај 120 (35.7%) објекти инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 919 станови, со вкупна корисна површина од 65 430 м2.