Тајван: Бројот на загинатите во земјотресот се искачи на 113

Бројот на загинатите во минатонеделниот земјотрес на југот на Тајван порасна на 113, соопштија денеска локалните власти.

Министерството за внатрешни работи на Тајван издаде соопштение во кое се наведува дека вчера и денеска, спасувачите извлекле поголем број тела од урнатините на станбениот комплекс „Златен змеј“ во Тајнан, најстариот град во Тајван.

Четири лица и понатаму се водат за исчезнати, јавува „Раша тудеј“.

Во земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала, кој минатата недела го погоди Тајван се урнаа повеќе од 10 објекти.

Од урнатините на зградите се извлечени се спасени 327 лица.

Извор: meta.mk