Во текот на вчерашниот ден издадени се потврди на вкупно 1.919 странски државјани, од кои 605 од машки и 380 од женски пол, како и на 924 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и 10 деца кои патувале без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството, најмногу се издадени потврди на државјаните на 867 државјани на Сирија, потоа на 590 државјани на Авганистан и на 462 државјани на Ирак. Исто така во посочениот период до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Инаку од почетокот на годинава заклучно со вчерашниот ден издадени се потврди на вкупно 79.149 странски државјани, од кои 31.636 се од машки пол, 17.123 се од женски и 30.229 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 161 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-38.227, Авганистан-24.899 и Ирак-16.020, а до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле десет лица (седум од Авганистан и три од Сирија) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.