Екипите на „Јавна хигиена“ го расчистија кејот

Изминативе денови екипите на Јавна хигиена при ЈП „Охридски Комуналец“ беа вонредно ангажирани на градскиот кеј и градското пристаниште.

„Променливото време проследено со силен ветер од јужен правец и големи бранови секојдневно во крајбрежниот појас наталожуваа огромни количини од комунален отпад и разградлив био отпад (трски, реси и др.). Остатоци од пластични шишња, најлон кеси, картонска амбалажа и др. пливаа во езерските води од каде нашите служби со вонредни напори секојдневно ги расчистуваа и подигаа. Пешачката зона од кејот секојдневно се метеше од наносите од муљ, трска и друг вид тешко разградлив отпад“- велат од претпријатието.

Оттаму додаваат дека во зависност од временските услови, активностите ќе бидат димензионирани и планирани во насока да градскиот кеј и градското пристаниште секогаш бидат во светло какво што му доликува на нашиот град.

kej22