Утре во ФТУ ќе се одржи крводарителска акција „Разбуди го крводарителот во себе!“

Црвен крст Охрид ги заокружува активностите во делот на крводарителството насочени кон прибирање на доволни количества на крвни единици за 2016 година, со организирање на редовна крводарителска акција на ФТУ Охрид која ќе се реализира утре, 20 декември (вторник) од 10:00 до 14:00 часот во Факултетот за туризам и угостителство.

Од Црвен крст Охрид ги покануваат студентите од двата факултети во Охрид, да учествуваат на крводарителската акција, но и сите останати хумани луѓе кои сакаат и можат да издвојат 5 минути за да даруваат крв и спасат човечки живот.