Нови инсталации за новиот кружен тек

Јавните претпријатија „Проаква“ и „Нискоградба“, започнаа со поставување подземни инсталации на пресекот од булевар „Туристичка“ и улицата „Јане Сандански“ каде во тек е градба на кружен тек.

Се очекува во оваа работна недела да започнат со работа и кабелските оператори „Телеком“ и „Неотел“.

По поставување на подземните инсталации на оваа кружна крстосница ќе биде воведен во работа изведувачот, градежната фирма „Ив Стил Градба“.

Kruzen_tek_minimarket_4851