Во среда ќе биде промовирана најновата книга од Маја Мојсова

Во среда, 17-ти февруари, во 17 часот, во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ќе биде промовирана книгата раскази „Потоци. Стапки“ од писателката Маја Мојсова.

Книгата е објавена во 2015 година и истата е наградена со прва награда „Гравитација 2015“, во категоријата – книга раскази.

Писателката Маја Мојсова пишува поезија и проза. Има издадено збирка поезија „Кохезија, колизија на човековата визија“ (2012, колекција на песни на македонски и англиски јазик), и заедничка книга „Зен Верс“ (2014) од четири автори.

Дел од нејзиното творештво е објавувано во зборници, литературни и интернет списанија: „Кокински мугри“ – Куманово, „Точно на пладне“ – Охрид, „Симфонија на срцето“ – Битола, Ревија „Бранувања“ – Струга, „100 илјади Поети за промена“ – Струмица, „Октомвриски книжевни чествувања“ – Битола, Ревија „Комплетна“ – Скопје, „Окно“ – Скопје и други.