Се расчистуваат јавните површини во Пештани

Денес екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ спроведуваат широко-опфатна акција за средување во Пештани.

„Се расчистуваат јавните површини во центарот на селото и пристапните улици, расчистен е и подигнат натрупаниот и расфрлан отпад, а јавните површини се метат.“– велат од претпријатието.

pest1

„Силниот ветер и големите бранови и на плажата во Пештани исфрлија големи количини отпад (пластична и картонска амбалажа, остатоци од друг тешко разградлив отпад, како и големи количини трска). Отпадот од крајбрежниот појас е подигнат и транспортиран.“- додаваат од ЈП „Охридски Комуналец“.

pest2