Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денес ќе престојува во работна посета на Брисел, каде на покана на претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, ќе учествува на работен состанок посветен на мигрантската криза, со кој ќе копретседава претседателот на Европската Комисија, Жан-Клод Јункер.
На состанокот, покрај претседателот Иванов, ќе присуствуваат и претседателот на Република Србија, Томислав Николиќ, претседателот на Владата на Република Хрватска, Тихомир Орешковиќ и претседателот на Владата на Република Словенија, Миро Церар.