Орав: На 19 февруари ќе процениме дали има услови за избори

На 19 февруари ќе излеземе со процена дали Македонија ќе биде подготвена за предвремени парламентарни избори на 24 април. Во оваа фаза нема проценка дали ситуацијата ќе се одвива во еден или друг правец. Сè е во рацете на партиите.

Ова денеска го изјави евроамбасадорот Аиво Орав на новинарско прашање на прес-конференција за ИПА-фондовите.

Запрашан дали в петок ќе дојде еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, тој изјави дека денеска не може ништо да потврди.

Орав не сакаше да коментира што ќе се случи доколку изборите се одложат и додаде дека сè е оставено во рацете на политичките партии. Тој рече дека поддршката од меѓународната заедница е тука ако политичките партии го побараат тоа од нив.

Вицепремиерот за европски прашања, Фатмир Бесими, вели дека прашањето за одложување на изборите е хипотетичко и дека тој не би шпекулирал што би се случило доколу изборите се одложат. Бесими додаде дека негова препорака е да се почитуваат политичките договори и подготовката за фер и демократски избори со што Македонија би се фокусирала на евроатланските интеграции и на економскиот развој.

Извор: meta.mk