Интензивно се работи на формирање на линијата на новите тротоари и средишните острови на пресекот на булевар „Туристичка“ со улица „Абаз Емин“ каде во тек е градба на кружен тек.
Поставувањето на подземните инсталации од страна на ЈП „Нискоградба“ и кабелските оператори е завршено.
Се очекува во текот на следната недела да се оформи средишниот круг по што ќе следи стругање на постојниот асфалт со профилирање и поставување на два нови асфалтни слоеви.