Во Општина Дебрца ќе се одржи работилница за можностите за искористување на средства од ИПАРД програмата

Општина Дебрца ги известува сите заинтересирани граѓани, земјоделци и приватни сопанственици дека на 22 јули (понеделник) со почеток во 11 часот, во просториите на Општина Дебрца ќе се одржи едукативно информативна работилница за можностите за искористување на средствата од Агенцијата за рурален развој.

Присутните ќе се запознаат со новите мерки, упатства на корисници,висина на финансиска подршка (ИПАРД Програма), национални програми, исплата на субвенции и сл.

Од посебен интерес и значење е на состанокот да присуствуваат  претседателите на месните заедници од сите села во Општина Дебрца.

Присутните ќе имаат можност да се запознаат со програми и планови за уредување на туристички и излетнички локалитети во руралните области, како и обнова на електрична мрежа, пристапни патишта до 1км, обнова на водоводни инсталации и др. Зафатите би се реализирале преку кофинансирање на проектите со средства од Агенцијата за рурален развој и други агенции.

Работилницата е во соработка со Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој согласно Годишниот акционен план за комуникација и публицитет за 2013 год.