Денес екипите на „РЕ Механизација” и „Јавна Хигиена”при ЈП „Охридски Комуналец“ го расчистуваа спустот кај градското пристаниште.
„Подигнати се околу 6м кубни песок и камења, како последица на невремето проследено со јужен ветер. Ангажирани беа специјална машина ИЦБ, ФАП и двајца работници.“– информираат од претпријатието.