Екипите на „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“ ја реализираат последната фаза од хортикултурното уредување на улицата „Димитар Влахов“, со која се поставуваат украсни штитници околу секое стебло од дрворедот од лигуструми, информираат од претпријатието.
Во последната фаза ќе се уреди дрворедот на потегот од централната градинка „Јасна Ристеска“ до пресекот со улица „Јане Сандански“.
Со уредувањето, покрај поставувањето на украсни штитници е опфатено и поставување на систем за наводнување и засадување на украсни нискостеблести земзелени грмушки и сезонско цвеќе.
Следна активност на ЈП „Охридски Комуналец“ во согласност со Програмата за јавно зеленило за 2016 година е реконструирањето на дрворедот по ул.„Македонски Просветители“ на потегот од ТЦ „Амам“ до градскиот плоштад, каде исто така ќе се поставуваат украсни штитници околу секое стебло од дрворедот, додаваат од претпријатието.