Консалтинг за стратешки развој во соработка со Светска банка и Агенцијата за енергетика на Република Македонија организира работилница за претставување на резултатите од проектот „Промоција на енергетска ефикасност на општините во Македонија“.
Работилницата ќе се одржи утре, со почеток во 10.30 часот во хотел Дрим, Струга.
Во изминатите 18 месеци, преку грант финансиран од Светска банка, 8 општини во Република Македонија (Радовиш, Старо Нагоричане, Новаци, Кавадарци, Пехчево, Брвеница, Лозово и Росоман) добија техничка поддршка за изработка на различни документи кои се важни за енергетска ефикасност на општината (програми, акциски планови, пред-физибилити студии итн.). Искуствата од тој процес, како и предизвиците со кои се соочиле ќе имаат можност да ги споделат на 8 вакви работилници, кои се одржуваат во секој од планските региони.
За време на настанот ќе бидат споделени резултатите од имплементацијата на проектот, научените лекции и предизвици. Поканети се да присуствуваат градоначалниците на општините од Југозападниот регион, менаџерите за енергетска ефикасност, претставници на општините, граѓански организации, бизнис заедницата и граѓани.
Претставници од Светската банка, Агенцијата за енергетика, како и претставници на имплементаторите на проектот ќе имаат свое обраќање и презентации на настанот.