Средба на директори на полиција и шефови на гранични служби на западно-балканската рута во Загреб, Хрватска

Директорот на БЈБ, м-р Горанче Савовски денеска во Загреб, Република Хрватска, учествува на работен состанок на директори на полиција и шефови на гранични служби на западно-балканската рута на мигранти на кој учествуваат и делегации од Република Австрија, Република Хрватска, Република Македонија, Република Србија и Република Словенија.

На состанокот ќе бидат разменети информации за тековната ситуација во државите во однос на справувањето со миграциската криза и ќе се разгледуваат и можностите за натамошно продлабочување на соработката во справувањето со миграциските текови .

Планирано е да се разгледа и предлогот за стандардизација на регистрацијата на мигрантите со цел воспоставување јасни заеднички критериуми кои мигрантите треба да ги исполнуваат за нивно транзитирање низ рутата. Во таа насока, неопходно е земјите учеснички да се согласат за стандардите за регистрациските методи и постапки. Се очекува на состанокот да стане збор и за дополнителна помош на македонската полиција во заштита на државната граница и спроведувањето на граничната контрола од страна на земјите од западно балканската рута на мигранти.