Денес, Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се сретна со Амбасадорот на Република Полска во Република Македонија, Н.Е.Јацек Мултановски.
На средбата двајцата соговорници изразија задоволство од интензивната соработка помеѓу двете земји, а особено беше потенцирана соработката што ја имаат министерствата за внатрешни работи. Воедно, беше разговарано и за миграциската криза, како и за начините како да се надмине овој проблем. Министерот Спасовски и Амбасадорот Мултановски разменија и мислења и за политичката криза во Република Македонија, при што Амбасадорот ја истакна поддршката што Република Полска и ја дава на Република Македонија за решавање на проблемот.