Средба на министерот Спасовски со Полскиот Амбасадор во РМ, Јацек Мултановски

Денес, Министерот за внатрешни работи  Оливер Спасовски се сретна со Амбасадорот на Република Полска во Република Македонија, Н.Е.Јацек Мултановски.

На средбата двајцата соговорници изразија задоволство од интензивната соработка помеѓу двете земји, а особено беше потенцирана соработката што ја имаат министерствата за внатрешни работи. Воедно, беше разговарано и за миграциската криза, како и за начините како да се надмине овој проблем. Министерот Спасовски и Амбасадорот Мултановски разменија и мислења и за политичката криза во Република Македонија, при што Амбасадорот ја истакна поддршката што Република Полска и ја дава на Република Македонија за решавање на проблемот.