Преку 40 вљубеници во природата и планинарењето беа дел од планинарската тура на планината Галичица, која се реализираше денеска, во организација на Црвен крст Охрид и во рамки на одбележувањето на Неделата на срцево садови заболувања.
Групата ја предводеа членови на Единицата за спасување на планина и непристапни терени на Црвен крст Охрид, а во Станицата за спасување на местото Липова ливада, медицинските тимови на Црвен крст Охрид вршеа здравствени прегледи, додека најмладите уживаа во снегот.
Со оглед на интересот, вакви и слични активности ќе бидат организирани и во наредните викенди.