Партиите побарале одлагање, оценката за условите за изборите – утре

Делегацијата на Европската унија (ЕУ) и на амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Македонија утре ќе ја соопштат оценката за тоа дали се исполнети условите за одржување на предвремените парламентарни избори.

Како што соопштуваат од амбасадите, одложувањето е на барање на политичките партии, потписнички на Договорот од Пржино.

Неофицијално дознаваме од извори блиски до преговарачките тимови, одлагањето било на барање на ВМРО-ДПМНЕ.

Засега не се знае дали политичките партии ќе се обидат до утре да изнајдат компромисно решение за законот за медиуми.

До овој момент се уште не е закажана средба на работните групи околу преговорите за медиумите.

Завчерашната средба на работните групи заврши без успех, а, како што рече белгискиот посредник, Питер Ванхауте тоа ќе има влијание на конечната оцена на ЕУ и САД.

Амбасадорите на ЕУ и САД, Аиво Орав и Џес Бејли, на крајот на јануари по средбата со техничкиот прениер Емил Димитриев, соопштија дека на 19 февруари ќе биде дадена оценка за тоа дали се исплонети услвите за одржување на фер и веродостојни избори на 24 април.

Исто така беше најавена посета на еврокомесарот Јоханес Хан за средината на овој месец, но, засега нема информации кога и дали таа посета воопшто ќе се случи.

Избор: meta.mk