Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во текот на вчерашниот ден, а по претходно изготвен план за преземање на мерки и активности изврши претреси на две локации на подрачјето Битола, заради обезбедување на докази за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” при што од слобода се лишени четири лица од кои едно од нив е лишено на ГП Табановце на излез од Р.Македонија.
Имено Б.В.(1968) македонски државјанин, во Корча Р.Албанија, организирал мрежа на препродавачи и посредници заради натамошна продажба на наркотична дрога со потекло од Р.Албанија на лица во Р. Македонија по цена од 2000 – 2500 евра за еден килограм марихуана и 30-40 евра за еден милилитар хашишово масло со цел стекнување на противправна имотна корист. Истиот откако ќе ја набавел наркотичната дрога по негови инструкции од страна на засега непознато лице преку нелегални премини била префрлувана на територија на РМ од каде што подоцна е превземана од страна на Б.В.
По остварен договор за купопродажба на марихуана В.Б. на В.Р.(1983) од Битола му предал неутврдена количина на наркотична дрога марихуана, која В.Р. заедно со неговиот брат Љ.Р.(1979) исто така од Битола и неговата сопруга К.К.Р. (1982) ја препакувале заради натамошна препродажба.
На 24.09.2015 година В.Р. по претходен договор, заедно со неговиот брат Љ.Р. во ПМВ Форд ескорт со битолски регистарски ознаки ја сместиле препакуваната дрога и се упатиле на паркинг простор пред бензинска пумпа во Битола каде веќе ги чекале К.К.(1978) и Д.К.(1983) од Кочани при што била извршена купопродажба на марихуаната која К.К. ја купил по цена од 6000 евра. Дрогата потоа ја сместиле во ПМВ Ауди А6 со бугарски национални ознаки. По извршената купопродажба К.К. заедно со Д.К. кој бил со друго возило ПМВ Ауди А4 со кочански регистарски ознаки се упатиле кон Прилеп. На регионалениот пат Прилеп- Кавадарци од страна на полициски службеници од ПС Прилеп сопрено е ПМВ Ауди А6 управувано од К.К. и при преглед на истото под хаубата во делот на моторот пронајдени се три пакувања облепени со селотејт трака исполнети со растителна материја при што возачот е лишен од слобода. По извршено вештачење утврдено е дека се работи за 2787 грама наркотична дрога марихуана за што од страна на ПС Прилеп е поднесена соодветна кривична пријава.
Соработката помеѓу В.Б. и В.Р. продолжила и во текот на ноември 2015 година. В.Р. набавил хашишово уље заради натамошна препродажба. За таа цел на 19.11.2015 година истиот остварил средба во Битола со Д.М. и Д.М. од Скопје и на истите им продал течност во шприц по цена од 10.600 денари. Истиот ден на наплатна рампа Петровец од страна на полициски службеници сопрено е ПМВ марка Шевролет Авео со скопски регистарски ознаки при што е извршен е преглед на ПМВ и лица по што Д.М. го предал шприцот, за кој по извршено вештачење е утврдено дека се работи за 4 мл хашишово уље.
На 20.02.2016 година од страна на полициски службеници на ГП Табановце на излез од Р.Македонија од слобода е лишен В.Б., а извршени се претреси на дом и други простории на две локации во Битола, во домот на В.Р. и во домот на Љ.Р. и на една локација во Кочани. При извршените претреси кај В.Б. пронајдени се три мобилни телефонски апарати со три СИМ картички и парични средства во износ од 1.720 евра како и 8.000 денари, додека кај В.Р. пронајдени се шест мобилни телефонски апарати, пет СИМ картички, два лаптоп компјутери, во домот на Љ.Р. пронајдени се три телефонски апарати, три СИМ картички, два компјутери, два УСБ стикови, мемориска картица и 180 куршуми со различен калибар и топовски удар и кај лицето Д.К. пронајдено е мобилен телефон со СИМ картичка.
Од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција поднесена е кривична пријава против Б.В.(1968) во Корча Р.Албанија македонски државјанин, В.Р.(1983) од Битола, Љ.Р.(1979) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’, за Љ.Р. поради постоење основи на сомневање дека сторил и кривичното дело,, недозволено држење на оружје или распрскувачки материи“ како и за К.К.Р. и Д.К. поради постоење на основи на сомневање за сторено кривичното дело “помагање“.