Повредено едно лице во сообраќајка кај Велешта

Вчера во 17:10 часот на регионалниот пат Струга-Дебар, во с.Велешта-Струга, се случила сообраќајна незгода помеѓу Автобус „Сетра“ со охридски регистарски ознаки, управуван од С.К.(1971) од с.Велешта-Струга, и велосипед со мотор „Томос“ без регистарски ознаки, управуван од Б.А.(1964) од с.Корошишта.

Во незгодата, возачот на велосипедот со мотор се здобил со ТТП (фрактура на ребра), кој е пренесен во МЦ-Струга, од каде е префрлен во Болницата Св.Еразмо-Охрид, но поради сериозноста на повредите е префрлен во УЦ-Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС-Струга.