Спасовски: Отстапување нема, фер и демократски избори мора да има

„Денеска, тимот на СДСМ е во работна посета на Берово и беровско. Да поразговараме со граѓаните на Берово за проблемите кои што ги имаат, меѓутоа и да им понудиме решенија на тие проблеми.

Општа констатација на сите граѓани е дека Берово е град коишто го напуштаат младите луѓе, Берово е град на сиромаштија и затоа мора да се променат работите. Меѓутоа, и она што ни го кажаа, е дека Берово е град коишто е под постојан притисок од страна на актуелната власт, многу социјални семејства уценети, многу луѓе казнети се со цел граѓаните да се држат во покорност.

Задоволство е што се повеќе граѓани се охрабруваат, се повеќе граѓаните посакуваат да има промени. Голем е интересот да има фер и демократски избори коишто ќе се одржат во една атмосфера во која што ќе се елиминираат сите досегашни притисоци коишто ги има, и граѓаните да можат да носат одлука самостојно, и согласно со сопственото убедување.

Затоа сметам дека ВМРО ДПМНЕ нема веќе легитимитет да се крие позади народот. ВМРО ДПМНЕ мора да се соочи со реалноста, мора да сфати дека Македонија ќе ја разреши политичката криза само ако имаме фер и демократски изборен процес и од тоа отстапување нема. Нема отстапување заради граѓаните на Република Македонија и заради нејзината иднина.“- истакна министерот за внатрешни работи и генерален секретар на СДСМ, Оливер Спасовски.