Сообраќајка на патот Струга – Дебар

Вчера во 17:20 часот на регионалниот пат Струга-Дебар, во с.Велешта-Струга, се случила сообраќајна незгода во која Б.Х.(1976) од с.Велешта, управувајќи ТМВ„Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, удрил во пешакот К.В.(1954) од с.Велешта.

Во незгодата К.В. се здобила со ТТП (фрактура граден кош и други фрактури) која по укажаната лекарска помош во МЦ-Струга, е префрлена во Болницата Св.Еразмо-Охрид за понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршиле ЈО и екипа од ПС-Струга.