Акција за чистење на Градска плажа и сливот на реката Грашница

Денес екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ го расчистуваа сливот на реката Грашница и истоимената плажа на потегот од „Хотел Мизо” до калето.

„Подигнати беа околу 30тина неразградлив комунален отпад кој беше донесен од количината на самата вода во речното корито и исто беа собрани големи количини на трска. Целиот отпад и трска беа подигнати од страна на службите на ЈП „Охридски Комуналец.“– велат од претпријатието.

Со вакви и слични акции ЈП „Охридски Комуналец“ ќе продолжи и во наредните денови, се со цел подигнување на еколошката свест кај населението.

„Овие акции се вонредни акции кои ги организираме со претходен договор и налог од комунална инспекција во соработка со Локалната самоуправа.“- додаваат од претпријатието.