Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 22.02.2016 година, издадени се потврди на вкупно 714 странски државјани, од кои 262 од машки и 185 од женски пол, како и на 266 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и едно дете кое патува без придружба на родител, за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството, потврди се издадени на 500 државјани на Сирија и на 214 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан.
Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 22.02.2016 година, издадени се потврди на вкупно 85.846 странски државјани, од кои 34.079 се од машки пол, 18.696 се од женски и 32.863 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 208 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-41.769, Авганистан-26.546и Ирак-17.528.
Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 22.02.2016 година, до Секторот за азил барањеза признавање на право на азил поднеле 21 лицe (14 од Сирија и седум од Авганистан) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 22.02.2016 година, до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 22.02.2016 година евидентирани се вкупно дваесет и еден барател на азил од кои десет мажи, три жени и седум деца со придружба на старател и едно малолетно лице без придружба . Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, еден маж , една жена, пет малолетни деца со придружба на старател, шест малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.