Отслужена литургија за празникот Светиот свештеномаченик Харалампиј

По повод денешниот празник посветен на Светиот свештеномаченик Харалампиј, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, свештениците Димче Азески, Горан Ставрески и Ѓорѓи Блжевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески.

По завршувањето на Литургијата, според вековната традиција, беше осветен медот, а Митрополитот Тимотеј им подели нафора на верниците.