Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, денес во изјава за медиумите истакна:
„Денеска министрите и дополнителните заменици министри од СДСМ поднесуваме оставки на функциите во Владата на Република Македонија.
Доколку остане во сила Одлуката за распуштање на Собранието, донесена на 18-ти јануари 2016 година, бараме оставките претходно да се констатираат.
Согласно Договорот од Пржино, Владата во којашто учествуваме се формираше за организирање на фер и кредибилни избори, откако ќе се исполнат сите точки од овој договор.
Во Македонија нема услови за фер и демократски избори на 24-ти април. Тоа е директно потврдено и од меѓународната заедница, од ЕУ и САД.
Без прочистен Избирачкиот список и без реформи за слободни медиуми нема услови за регуларни, кредибилни избори.
СДСМ нема да ги алиментира нерегуларните, неслободните и недемократски избори коишто ги најавува ВМРО-ДПМНЕ.“– изјави Спасовски.
Одговори на новинарски прашања;
Медиуми: Доколку Собранието ја повлече одлуката за изборите, дали оставките ќе бидат валидни ?
Спасовски: Сметам дека текстот на оставката е многу јасен, доколку останува во сила одлуката со која што се распушта Собранието, донесена еднострано од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, оставките бараме претходно да ни бидат констатирани.
Медиуми: Тоа занчи дека останувате на функција ако евентуално не се распушти Парламентот?
Спасовски: Тоа значи, доколку остане на сила одлуката за распуштање на Собранието, претходно бараме да ни се констатираат оставките.
Медиуми: Ако не се констатират оставките, што ќе правите г-дине Спасовски ?
Спасовски: Ние сме во оставка од моментот на поденувањето и имаат обврска оние коишто ја донесоа еднострано одлуката за распуштање на Собранието, да ни ги констатираат оставките и да не ослободат од овие позиции коишто ги имаме.
Медиуми: Ќе се повлечете ли од другите точки од договорот во Пржино?
Спасовски: Договорот од Прижино е прекршен со самото носење на одлуката за распуштање на Собранието, кое што беше донесено еднострано помеѓу двете политички партии.
Медиуми: Тоа значи дека не важи ?
Спасовски: Тоа е моментот на прекршување на Договорот.