Кривична пријава за скопјанец кај кого била пронајдена дрога

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.Т. (20) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“.

На 31ви јули минатата година, околу 03,40 часот во Охрид од страна на полициски службеници забележан е пријавениот како користи рачно изработена цигара и истата му ја дал на неговиот познаник С.Ј. (21) од Велес. Од преземени мерки утврдено е дека станува збор на 0,26 грама мешавина на наркотична дрога марихуана и тутун.