Пронајдена дрога кај охриѓанец

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.А.(35) од Охрид, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори“. На 03.02.2013 година, на ул. „Гоце Делчев“ во Охрид пријавениот на лице од Охрид му продал наркотична дрога во количина од 1,72 грама марихуана, а наредниот ден при извршен претрес над уште едно лице се пронајдени 0,27 грама хероин што ги купил од пријавениот.