Сувалас и Савовски остварија билатерален состанок во Солун

На покана од страна на Директорот на полиција на Република Грција, Константинос Сувалас, денес Директорот на БЈБ м-р Горанче Савовски е на билатерален состанок во Солун, Р.Грција. Овој состанок е од исклучителна важност бидејќи е прв состанок помеѓу двата полициски Директори и ќе биде можност да се разговара за актуелната мигрантска криза како и за размена на информации за мигрантската криза и подобрување на соработката помеѓу двете полициски служби во сите сфери од заеднички интерес.

Нивото на полициската соработка помеѓу двете полициски служби e значително подобрено од август 2015 година па наваму – веднаш по прогласувањето на кризната состојба одржан е координативен состанок, по што зачестени се средбите и состаноците на регионално и на централно ниво. Позитивно се одговара на барањата за средби и секогаш се во многу краток период се организира средба кога тоа ќе го побара некоја од страните.

Овој состанок ќе биде можност соработката да се прошири и на други области од полициското работење, согласно иницијативите предложени на претходните средби – борба против криумчарење мигранти, обуки, заеднички истражни тимови итн.

grcijapolice