Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски изврши увид на градежните активности за реконструкција на Подрачното Основно Училиште во село Оровник.
„Реконструкцијата на Училиштето е проект на Општина Дебрца во соработка со Југозападниот плански регион кој го спроведуваа проектот за енергетски ефикасни објекти во Југозападниот Плански Регион, за кој проект се одобрени средства од Бирото за регионален развој. Објектот е изграден 1954 година поради што беше потребна негова итна реконструкција.“- информираат од Локалната самоуправа.
Оттаму додаваат дека според динамиката за изведување на градежните активности предвидено е отстранување на стариот дрвен под, изведба на армирано бетонска меѓукатна конструкција, завршна обработка на подови со ќерамички плочки и ламинат, замена на сите внатрешни врати, замена на надворешната дрвена столарија со нова изработена од ПВЦ профили и реконструкција на санитарни јазли.
Проектот преставува дел од низата проекти кои ги спроведува градоначалникот Трајкоски во делот на Образованието, подобрување на воспитно образовните установи и создавање услови за непречено одржување на наставата на учениците и вработените во ОУ Дебрца.