Литургија и парастос по повод 40 години од упокојувањето на Дебарско-кичевскиот митрополит г.Методиј

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 28ми февруари (недела), во црквата „Света Богородица – Каменско“, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, со почеток во 8:45 часот, со која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и Митрополитот Повардарски г. Агатангел.

По завршувањето на светата литургија ќе биде отслужен парастос по повод 40 годишнината од упокојувањето на Дебарско-кичевскиот митрополит г. Методиј.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.