Издадeни 22 потврди на државјани на Сирија и Ирак

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 26.02.2016 година, издадени се потврди на вкупно 22 странски државјани, од кои 10 од машки и пет од женски пол, како и на пет деца кои го придружуваат носителот на потврдата и две деца кои патуваат без придружба на родител, за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството, потврди се издадени на 15 државјани на Сирија и на седум државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 26.02.2016 година, издадени се потврди на вкупно 87.228 странски државјани, од кои 34.598 се од машки пол, 19.046 се од женски и 33.370 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 214 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-42.794, Авганистан-26.546 и Ирак-17.885.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 26.02.2016 година, до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле 21 лицe (14 од Сирија и седум од Авганистан) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 26.02.2016 година, до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.